Продавниците со климатизација во Франција наскоро ќе бидат обврзани да ги затворат вратите кога користат климатизери и да ја ограничат употребата на рекламно осветлување за да се намали трошењето енергија, рече министерката за транзиција на животната средина Ањес Пание Ринаше.
„Тие правила, кои веќе се применуваат во некои делови на Франција, ќе бидат воведени низ целата држава“, најави министерката во интервју за парискиот „Журнал де диманш“.
Продавниците што нема да ја почитуваат таа мерка ќе бидат казнети со парична казна до 750 евра.
„Апсурдно е да се остави вратата отворена кога е вклучена клима уредот“, рече министерката, додавајќи дека во наредните денови ќе донесе два уредба против трошењето енергија, од кои со првиот ќе се продолжи забраната за рекламно осветлување, без оглед на големината на градот, во периодот од 01.00 до 06.00 часот.
Според неа, со втората регулатива ќе се воведе забрана за деловни и стопански објекти да ги отвораат вратите додека работи климата или греењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.