Вкупо 49 милиони Французи имаат можност денеска да гласаат за новиот Претседател на државата.

Актуелнниот претседател, 44-годишниот Емануел Макрон, го бара својот втор петгодишен мандат. Тој потроши малку време во кампањата, фокусирајќи се наместо тоа на европската реакција на војната во Украина.

Кога дојде на власт во 2017-тата година, Макрон ги порази двете доминантни политички опции во државата дотогаш, Републиканците на десниот центар и Социјалистите кај левицата, кои се уште се мачат да ја вратат довербата на Французите.

Главните ривали за Макрон сега се Марин Ле Пен од крајната десница и Жан Лук Меленшон од левицата.

Гласачките места се отворија во 8 часот наутро во внатрешноста на Франција а ќе завршат во 20 часот. Тоа што додава на неизвесноста е фактот дека според едно од последните истражувања на јавното мислење дури 37% од граѓаните се уште не донеле одлука за кого ќе гласаат.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.