Министрите за надворешни работи на Франција и Германија ја повикаа Русија да го искористи своето влијание врз сепаратистите во источна Украина за да „охрабри воздржаност и да придонесе за деескалација“.

Истакнувајќи ги повиците од бунтовниците во Доњецк и Луганск за евакуација на цивилите поради можен конфликт, германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и нејзиниот француски колега Жан-Ив ле Дриан наведоа дека „се загрижени дека организираните инциденти би можеле да се злоупотребат како изговор за можна воена ескалација“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.