Русија утринава истрела проектили врз неколку градови во Украина и истовари сили на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече, специјална воена операција на истокот.
Набргу откако Путин зборуваше на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеа да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.
Престрелката избувна во близина на главниот аеродром во главниот град, објави новинската агенција Интерфакс, а сирените се огласија над градот.
Путин штотуку започна целосна инвазија на Украина. Мирните украински градови се нападнати“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Twitter.
Рускиот напад веднаш го пренасочи воздушниот сообраќај. Ова е фотографија од Flight Radar на која може да се види дека практично нема цивилни патнички летови над Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.