Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по самитот на ЕУ, изјави дека Европската Унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната.
Фон дер Лајен на прес-конференција порача дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде дека министрите за финансии на ЕУ се задолжени да развијат соодветен механизам за давање пари на Украина.
На самитот, кој меѓу другото се занимаваше и со војната во Украина, балтичките земји побараа формирање специјален суд за злосторства за време на војната што почна на крајот на февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.