Руската мисија во ЕУ реагираше до претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во својот говор по повод годишнината од ослободувањето на Аушвиц, погрешно наведе дека концентарциониот логор го ослободиле сојузничките сили, кога вистината е дека тоа го направила војската на Советскиот Сојуз.

Дипломатскиот оддел на Руската Федерација нагласува дека вистината е дека концентрациониот логор го ослободиле војниците на Црвената армија и истакнува дека „би било одлично ако Европската комисија ја исправи грешката“.

27 јануари е Меѓународен ден за сеќавање на холокаустот, воспоставен на 1 ноември 2005 година со одлука на Генералното собрание на Обединетите нации, чиј коавтор е Русија.

На овој ден, ширум светот се одржуваат комеморативни настани за да се нагласи важноста на борбата против неонацизмот, ксенофобијата, расизмот и другите форми на нетолеранција.

Самиот датум не е избран случајно – на 27 јануари 1945 година, за време на операцијата Висла-Одер, советските војници го ослободија концентрациониот логор Аушвиц. На тој ден војниците на Црвената армија спасија повеќе од 7.000 затвореници оставени во логорот.

Според достапните податоци, низ логорот за време на неговото постоење поминале најмалку 1,3 милиони луѓе, а околу 1,1 милион од нив биле истребени. Слоганот на портата на кампот, „Работата те ослободува“ (на германски: „Arbeit macht frei“) ја нагласува крајната нечовечност на нацистичките криминалци и нивниот безграничен цинизам.

За време на Втората светска војна, околу 20 милиони луѓе, вклучително и приближно 7,4 милиони советски граѓани, беа убиени како резултат на агресијата на териториите окупирани од нацистичка Германија. Приближно 6 милиони Евреи беа убиени од нацистите само поради нивната етничка припадност.

Резолуцијата на Генералното собрание на ОН A/RES/60/7 вели:

Холокаустот, кој резултираше со убиство на една третина од еврејскиот народ, заедно со безброј припадници на други малцинства, засекогаш ќе биде предупредување за сите луѓе за опасностите од омраза, фанатизам, расизам и предрасуди“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.