Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека целото нејзино семејство е „ужасно вознемирено“ поради угинувањето на еден од нејзините коњи пони, за кој се сомневаат дека е убиен од волк.

– Таа вест ужасно го вознемири целото наше семејство, изјави Фон дер Лајен.

Коњчето било старо 30 години. Тоа било на пасиште со уште едно пони, кое успеало да го избегне волчјиот напад.

Германскиот весник Билд пишува дека сопругот на Урсула Фон дер Лајен го пронашол задавеното пони на само стотина метри од семејната куќа.

Министерството за животна средина на провинцијата Долна Саксонија, каде што живее семејството Фон дер Лајен, го потврди сомнежот за напад на волк. Инцидентот се случил во четвртокот вечерта во градот Бургдорф, североисточно од Хановер, главниот град на покраината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.