Словачкиот премиер, Роберт Фицо, врз кого на крајот на мај пукаше вооружен напаѓач, обелодени дека освен тој, имало и други обиди за атентат врз него.
На прославата на 80-годишнината од битката кај превојот Дукла, маж се обидел да влезе во областа на посетителите со наполнет пиштол, но бил откриен од рамката на детекторот за метал, изјави Фицо.
Тој истакна дека, според него, една од главните причини за обидите за атентат врз него е неговиот став за Украина, дека не треба да се испорачува оружје туку да се бара мирно решение за крај на војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.