Финскиот премиер, Петери Орпо, само две недели по формирањето на новата влада, изјави дека владата е во криза, но дека е способна да функционира.
Владината криза дојде побрзо отколку што очекував, изјави Орпо во интервју за весникот „Хелсингин саномат“.
Тој имаше средба со претседателите на владејачките партии, а тема на разговорот, меѓудругото, беше и оставката на министерот за економија, Вилхелм Жунила, поради претходни изјави за нацизмот.
Тоа беше отворена и добра дискусија, а утре ќе ја продолжиме дискусијата во владата. Постои заедничка желба да ја реализираме нашата добра програма, рече Орпо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.