Финска ќе постави бариери на граничните премини со Русија, кои планира да ги затвори на полноќ, соопшти финската гранична полиција.
Вчера финската влада одлучи да затвори четири од своите девет гранични премини со Русија како одговор на зголемениот број баратели на азил кои влегуваат во земјата преку нејзината источна граница.
Нашата цел е да користиме бариери за да го запреме влезот во земјата, изјави Мати Питканити, офицер за меѓународни односи на финската гранична полиција, додавајќи дека мерките што земјата ги презела се резултат на промените во политиката на Русија поврзани со граничниот премин.
Повеќе од 200 баратели на азил пристигнаа во Финска оваа недела, поради што лидерите на земјата ја обвинија Русија дека ги охрабрува и насочува луѓето кон границата, тврдење кое Москва го негира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.