Филмскиот продуцент Филип Рогоски (56) е пронајден мртов.

Како што пренесува „Дејли мејл“, безживотното тело на продуцентот го пронашол случаен минувач во неделата во Рим, со пластична кеса крај лицето.

Полицијата повикала форензичари да го утврдат неговиот идентитет, бидејќи бил пронајден без документи.

Според првите информации на властите, смртта настапила пред неколку недели, пренесува „Ла Република“.

Два месеци ништо не се знаело за Филип, а полицијата го барала.

Рогоски последен пат го видела неговата сопруга Сара на 29 јануари кога го замолила да го фрли ѓубрето од нивниот стан во Рим.

Зад себе оставил само една трага. Една недела откако исчезна, неговите панталони беа пронајдени уредно поставени на улица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.