Тројца вооружени крадци во саботата попладне ја ограбиле скапата златарница „Булгари“ на плоштадот Вендом во Париз.
Тие потоа успеале да побегнат со два мотори, а полицијата интензивно трагала по нив во саботата.
Напаѓачите биле маскирани и носеле оружје со долга цевка.
Вредноста на украдениот накит се уште се утврдуваше во саботата.
Отворена е истрага за вооружен грабеж во соучесништво.
Според очевидци, двајца разбојници го удриле чувар, а третиот го чекаа големите црни мотори кои беа на тротоарот пред златарницата.
Во септември 2021 година и овој бутик беше мета на разбојници, кои одзедоа стока вредна околу десет милиони евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.