Федералното биро за истраги и Министерството за внатрешна безбедност на САД излегоа со предупредување дека сојузните безбедносни агенции се соочуваат со зголемени закани откако минатата недела ФБИ изврши претрес на домот на поранешниот претседател Донад Трамп.
Агенциите предупредувањето го објавија викендов во кратко соопштение, а по судски одобрениот претрес минатата недела на домот на Трамп во Флорида, ексклузивната резиденција и голф клуб Мар-а-лаго.
Додека агентите на ФБИ извршија претрес таму, поранешниот претседател излезе на својата платформа Truth Social и објави дека „мојот прекрасен дом, во Палм Бич, Флорида, моментално е под опсада, рација и окупирана од голема група агенти на ФБИ.“
Политичките сојузници и конзервативните медиуми ја искритикуваа постапката на ФБИ, користејќи ги тврдењата на Трамп дека целата работа е политички мотивирана.
-Никогаш вакво нешто не му се случило на претседател на САД. Незаконието, политичкиот прогон и ловот на вештерки мора да бидат разоткриени и прекинати, напиша Трамп.
Генералниот обвинител Мерик Гарланд, кој лично го одобри претресот, и директорот на ФБИ, Кристофер Реј, ги отфрлија ваквите обвинувања.
Во неговиот единствен коментар по повод претресот, Гарланд завчера изјави дека нападите се „неосновани“ и дека „луѓето кои работа во ФБИ и Министерството за правда се посветени, патриотски јавни службеници“.
Реј истакна дека заканите против безбедносните служби „треба длабоко да ги загрижат сите Американци“, поради тоа што го „поткопуваат почитувањето на владеењето на правото и вршат против услуга на храбрите припадници на службите кои прават голема жртва во заштитата на другите“.
Според краткото соопштение на ФБИ, нападот минатата недела во Синсинати, Охајо, кога вооружено лице се обиде со автомобил да удри во канцеларија на ФБИ е еден таков пример. Лицето подоцно се обиде да избега и беше убиено од полицијата.
Зе време на викендов мала група на воружени поддржувачи на Трамп протестираа пред испостава на ФБИ во Феникс, Аризон. Протестот беше мирен без инциденти.
Министерството за правда на САД го истражува Трамп за можни прекршувања на Законот за шпионажа и други прекршоци, откако ФБИ откри доверливи документи во домот на Трамп во Флорида.
Како дел од истрагата, органот разгледува три федерални злосторства како дел од истрагата за Трамп: прекршување на Законот за шпионажа, попречување на правдата и несоодветно постапување со доверливи документи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.