Американски официјални здравствени лица повикуваат на внимателност во однос на пандемијата, наспроти информациите дека Омикрон варијантата на корона вирусот, може да ја запре пандемијата.

Големо прашање е дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација за што сите се надеваат. Но, тоа ќе биде случај ако не се појави друга варијанта која го надминува имунолошкиот одговор на претходната. Но, и тогаш Ковид-19 најверојатно ќе стане дел од светот како ендемска болест – изјави главниот советник за здравство во Белата куќа, Ентони Фаучи, за време на виртуелен панел организиран од Агенда Давос.

Според други експерти, Омикронот е доминатна варијанта во североисточниот дел на САД и се уште не е распространет низ целата земја.

Не треба да очекуваме да се достигне национален максимум (на инфекции) во следните денови. Следните неколку недели ќе бидат тешки – изјави Вивек Мурти, главен хирург на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.