Тајландската полиција трага по „одвратен странец“ кој е снимен на надзорна камера како врши „срамен чин“ на јавно место со проститутка за време на пијанство.

Човекот, за кој се смета дека е британски турист, е снимен во Патаја, како оди покрај патот со платена сексуална работничка околу четири часот наутро, по што стапиле во интимни односи.

Тајландското одморалиште е познато како „Градот на гревот“ по своите „непристојни“ барови и салони за масажа.

Снимката од безбедносните камери покажува возбуден турист со проститутка како лежи на прометниот пат, навидум несвесен за сообраќајот околу нив. Се забележува и женско лице како му дава орален секс на мажот, додека автомобилите што поминувале застанавуаат поради шокантната глетка, пренесува „Њујорк пост“.

Во еден момент, русокосата девојка дури и мавта кон случаен минувач кој застанал да ја сними срамната сцена со својот телефон. Во меѓувреме и револтирант бездомник ја забележал безобразната двојка и веднаш го пријавил настанот во полиција.

50-годишниот очевидец го опишал човекот како „одвратен странец“, кој изгледал пијан.

Тие седеа таму и го правеа тоа 30 минути. Не им беше грижа за автомобилите што минуваат. Можеа дури и да ме видат како ги гледам, но беа премногу пијани за да се грижат. Го слушнав како зборува. Тој беше од Англија. Завршија, а потоа разговараа и тој и даде нешто, мислам дека беа пари и таа си замина. Уморен сум од одвратните странци кои го третираат мојот град како канта за ѓубре, изјавил очевидецот.

Началникот на полицијата, Јутапол Бункерд, изјавил дека полицијата ги испитува снимките од безбедносните камери за да го пронајде туристот. Како што истакнаву, на него му се заканува апсење поради јавна непристојност.

Добивме информации дека можеби е Британец, но нема да знаеме со сигурност додека не го најдеме. Има многу камери во областа што ги разгледуваме за да потврдиме дека злосторството е извршено во тој датум и време. Не би требало да биде тешко да бидат пронајдени и двајцата, изјавил Бункерд.

Безбедносните сили од Бангкок веќе неколку години се обидуваат да ја исчистат Патаја, која ја нарекуваат „модерна Содома и Гомора“.

Сепак, тие се соочуваат со тешка битка против нивната вкоренета 24-часовна секс-индустрија и ендемичната корупција што и дозволува да го продолжи својот тек. Баровите, кои функционираат како излози за проститутки, заедно со салоните за масажа и сексуалните работнички на улица се исто така профитабилен дел од туристичката индустрија во областа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.