Добивката на американската фармацевтска и биотехнолошка корпорација „Фајзер“ во вториот квартал од годинава се зголемил над проценките на аналитичарите.

Како што објавија од компанијата, добивката се зголемила на 9,91 милијарди долари или 1,73 долари по акција, од 5,56 милијарди долари или 0,98 долари по акција во вториот квартал минатата година.

„Фајзер“, исто така, извести за приспособена заработувачка од 11,66 милијарди долари или 2,04 долари по акција, за истиот период.

Аналитичарите во просек очекуваа компанијата да заработи 1,80 долари по акција, според податоците собрани од Томсон Ројтерс. Проценките на аналитичарите обично исклучуваат посебни ставки.

Приходите на компанијата во вториот квартал скокнаа за 46,8 отсто на 27,74 милијарди долари од 18,90 милијарди долари во истиот период минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.