Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ го удвоил нивото на производство во својата европска фабрика во последните неколку месеци, со цел да достигне 2.000 модели „Y“ неделно.

Сепак, како што наведува во соопштението на компанијата, „Тесла“ е сè уште далеку од својата цел да произведува 500.000 електрични автомобили годишно во оваа фабрика.

Во зголемувањето на производството, „Гига Берлин“ достигна уште една пресвртница од 2.000 автомобили произведени за една недела со многу добар квалитет и нивото брзо се зголемува – изјави извршниот директор на „Тесла“ на неодамнешната квартална презентација на резултатите на компанијата.

Во фабриката во Бранденбург работат околу 12.000 луѓе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.