Европските банки платиле три пати повеќе даноци на Руската Федерација отколку пред војната во Украина, пишува Фајненшл тајмс (ФТ).

Изданието пресметало дека во 2023 година, западните банки, кои останаа во Русија, придонеле повеќе од 78 милијарди рубљи (околу 800 милиони евра) во буџетот на земјата. Ова е три пати повеќе отколку во 2021 година.

Повеќе од половина од оваа сума е платена од Рајфајзен банка, а остатокот го обезбедиле УниКредит, ИНГ, Комерцбанк, Дојче банк, Интеса Санпаоло и ОТП.

Високите профити на западните банки во Руската Федерација покажуваат дека странските компании сè уште работат во Русија и помагаат на земјата да ја одржи финансиската стабилност во услови на санкции, забележува ФТ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.