Европскиот парламент (ЕП) ќе го повика Советот на ЕУ да ги финализира постапките за целосно приклучување на Бугарија и Романија во Шенген зоната, објавено е во агендата за претстојната сесија во Стразбур, што ќе се одржи следната седмица.
На 26 ноември ќе се одржи дискусија со Европската комисија за ова прашање. Иако двете земји беа примени во Шенген во декември минатата година, останува да се укинат граничните контроли на копнените граници, јавува БТА.
Очекувањата се дека министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе го донесат решението на 12 декември. Претходно е закажан состанок во Будимпешта помеѓу претставници на Бугарија, Романија и Австрија – единствената земја што го блокира процесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.