Eвропската комесарка за иновации, култура, образование и млади, Марија Габриел, изјави дека Европскиот парламент прекинува секаква соработка со Руската академија на науките во рамките на иницијативата „Хоризонт Европа“.

Што се однесува до постоечките договори, сите плаќања се суспендирани. Им предложивме на земјите-членки на ЕУ да ги раскинат краткорочните договори со Русија и Белорусија.

Европската комисија сега ги поддржува само научните институции во Украина.

Украина сега е вклучена во списокот на земји кои можат да добијат средства – изјави Габриел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.