Словачка го донира својот систем за противвоздушна одбрана С-300 на Украина за да и помогне да се одбрани од руската авијација.

Можам да потврдам дека Словачка ѝ го донираше системот за противвоздушна одбрана С-300 на Украина врз основа на нејзиното барање да помогне во самоодбрана поради вооружената агресија на Руската Федерација – соопшти словачкиот премиер, Едуард Хегер.

Хегер, кој денеска беше во посета на Киев, изјави и дека одбраната на Словачка е обезбедена.

Украина упати апел до западните земји за опрема за противвоздушна одбрана за да помогнат во борбата против русите сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.