Европската унија се подготвува да воведе царини за увоз на жито од Русија и Белорусија за да ги смири земјоделците и некои земји-членки, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со планот.

Се очекува Европската комисија во наредните денови да воведе царина од 95 евра по тон за житариците од Русија и Белорусија, соопшти ФТ, додавајќи дека царини од 50 отсто ќе бидат воведени и за маслодајните семиња и нивните производи.

Одлуката се очекува бидејќи земјоделците ширум Европската унија бараат промени во ограничувањата што им беа ставени во рамките на Зелениот план за справување со климатските промени и повторно воведување тарифи за увоз на земјоделски производи од Украина, кои беа укинати по руската инвазија во 2022 година.

Како и голем дел од Европа, Полска, исто така, беше зафатена од протести во последните недели.

Полскиот премиер Доналд Туск исто така се заложи за забрана за увоз на руски и белоруски земјоделски производи во Европската унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.