Бразилски брод со повеќе од 4,6 тони кокаин вреден повеќе од 150 милиони евра бил пресретнат минатата недела од француската морнарица во близина на Сиера Леоне, соопшти денеска Европол.

Бродот, што тргнал кон Европа, бил пресретнат на 30 ноември во заедничка операција на Франција, Бразил, Велика Британија и САД, соопшти Европол.

Во тек е истрага за да се утврди кои криминални страни стојат зад овој случај од двете страни на океанот, се додава во соопштението.

Агенции на Европската Унија во мај предупредија дека Европа се повеќе станува центар за производство и испорака на кокаин во други региони во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.