Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, предупреди дека Европа мора да се подготви за „најлошото сценарио“ во врска со снабдувањето со руски гас.

Бидејќи Русија веќе целосно или делумно го прекина снабдувањето со гас за 12 земји-членки на ЕУ, сите ние мора да се подготвиме за најлошото – изјави Фон дер Лејен за шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Русија ја прекина испораката на гас за неколку земји од ЕУ поради нивното одбивање да ја платат испораката во рубли, барање за кое европските земји велат дека е поврзано со обидите на Кремљ да го ублажи влијанието на западните санкции врз Русија поради нејзината инвазија на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.