Европа ќе западне во рецесија оваа зима и растот нема да се врати пред пролетта, изјави денеска европскиот комесар за економија Паоло Џентилони.

Ќе имаме рецесија оваа зима“, изјави тој за новинарите пред состанокот на Еврогрупата во Брисел.

На денешниот состанок на Еврогрупата, со кој ќе претседава нејзиниот претседател Паскал Донахју, министрите ќе разговараат за целокупната буџетска ситуација и перспективите во еврозоната и ја разгледуваат економската и фискалната состојба на земјите-членки на еврозоната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.