Рускиот војник, Евгениј Бизјаев, загинал на бојното поле во Украина, потврдија негови роднини.
Како што јави московскиот дописник на британски „Гардијан“, Ендрју Рот, повикувајќи се на порталот „Сота“, Бизјаев е прва евидентирана смрт меѓу Русите кои беа мобилизирани на крајот на септември. Бизјаев загинал на фронтот само неколку дена откако бил испратен во Украина.
Информацијата за неговата смрт била потврдена во воената регистрација, а било прецизирано дека тој бил мобилизиран на 28 септември.
Во септември, рускиот претседател Владимир Путин прогласи „делумна мобилизација“ за војната во Украина. Мобилизацијата се однесува на оние кои служеле војска, имаат воена специјалност или борбено искуство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.