Првата група цивили синоќа е евакуирана од челичарницата „Азовстал“, што е последна точка на украинскиот отпор во Мариупол.
Тие се префрлени на договорената локација и се надеваме дека ќе бидат евакуирани во Запорожје, на територијата под контрола на Украина. Се надеваме дека овој процес ќе продолжи и дека ќе можеме да ги евакуираме сите цивили, изјави заменик командантот на полкот Свјатослав Паламар.
Претходно и руската новинска агенција ТАСС јави дека група од 25 цивили, меѓу кои и шест деца успеале да излезат од „Азовстал“ од подземната галерија, што датира од советско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.