Аеродромот во Бирмингем е евакуиран и сите летови се прекинати денеска по дојава за сомнително возило во близина на аеродромот, јавува „Скај Њуз“.

Во објава на социјалните мрежи, аеродромот соопшти дека полицијата „моментално работи на местото на инцидентот“.

„Операциите на аеродромот во моментов се суспендирани“, се додава.

„На патниците им се препорачува да не доаѓаат на аеродромот во овој момент“.

Портпаролот на полицијата на Вест Мидлендс изјави дека е во тек евакуација по пријавите за сомнително возило.

„Ова е мерка на претпазливост за да се обезбеди безбедност на патниците и персоналот“, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.