Евакуацијата на жителите на Херсонската област од десниот кон левиот брег на реката Дњепар е завршена, објави на Телеграм лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов, по посетата на Херсон заедно со првиот заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Кириенко.

Го посетив Херсон заедно со првиот заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Кириенко. Отидовме до пристаништето и траектниот премин на реката Дњепар. Работата на преместување на локалното население на левиот брег на Дњепар и безбедните руски региони се завршени. Мило ми е што сите оние кои сакаа да ја напуштат областа, која е под украински оган, успеаја да го сторат тоа брзо и безбедно“, рече Аксјонов во четвртокот, пренесе ТАСС.

На 8 октомври, вршителот на должноста гувернер на регионот Херсон, Владимир Салдо, објави дека цивилите кои живеат на десниот брег на реката Дњепар ќе бидат евакуирани на левиот брег, поради ризик од поплави во случај украинската армија да ја нападне хидроцентралата Каховка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.