Илјадници луѓе ширум југоисточна Австралија, вклучително и жителите на западно предградие на Мелбурн, добија предупредување да ги напуштат своите домови, откако два дена посотјани дождови предизвикаа поплави и излевање на реките.
Големи делови од државата Викторија, Нов Јужен Велс и северните области на островот Тасманија се зафатени од обилни дождови.
Нивото на реките се зголемува во текот на денот, ќе се зголеми за време на викендот и следната недела – предупреди шефот на операции за вонредни состојби Тим Вибуш.
Пораснато е нивото на водата на многу реки во Викторија, меѓу кои Марибирнонг на запад од градот Мелбурн и Гулбурн на север, поради што населението морало да биде евакуирано.
Нивото на реката Гулбурн кај Сејмур го надминало рекордот од 7,64 метри од мај 1974 година.
Во Шепартон, надојдената вода би можела да го надмине рекордот од 1974 година до вторник и да загрози 4.000 домаќинства.
Во однос на материјалните штети на домовите, патиштата и јавната инфраструктура, се очекува да бидат нови рекорди – изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.
Утре ќе се донесе одлука за повторно отворање на зградата што државата ја изгради како карантин за пациенти со Ковид-19.
Австралискиот премиер Ентони Албанес рече дека владата ќе ја обезбеди сета потребна помош за регионите погодени од поплави.
Разорни поплави постојано го погодуваат источниот брег на Австралија од минатата година поради метеоролошкиот феномен Ла Ниња кој се повторува низ годините и носи повеќе дождови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.