Евакуација е наредена за жителите на предградие на Енкориџ во Алјаска, откако огромна лавина го затрупа патот. Се очекуваат и други лавини.

Градоначалникот на Енкориџ, Дејв Бронсон во текот на вчерашниот ден издаде налог за евакуација. Тој изјави дека има „сериозна и непосредна закана по здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните“ во подрачјето на реката Игл, на периферијата на градот.

Лавината се спуштила ноќта во четвртокот, покривајќи го главниот пат со снег висок до 24 метри. Отсечени се околу 100 домаќинства, некои останаа и без струја.

Станува збор за огромна лавина. Експерти ја опишаа како нешто што се случува еднаш во сто години, појасни менаџерката на општината Енкориџ, Ејми Дембоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.