Американскиот бригаден генерал, Ник Дучиќ, кој беше и командант на американската база „Бондстил“ на т.н. Косово, ја подготвувал украинската војска за одбрана. Според виенскиот весник „Кронен цајтунг“, она што ги учел Дучиќ, на Украинците сега им помага во војната со Русија.

Од 2015 до 2016 година, бригадниот генерал Дучиќ бил стациониран во Јаворив, каде што ги обучувал украинските војници и им ги пренесувал западните воени тактики, пишува весникот.

Имам пријатели меѓу украинските војници. Тоа е потресно, но тие живеат под брутален руски напад. Ним и на нивните семејства им ја понудив мојата куќа во САД – вели Дучиќ за „Кронен цајтунг“.

Според весникот, Дучиќ бил важна алка во активностите што САД ги спроведуваат во Украина од 1993 година – програмата за државно партнерство. Станува збор за програма која тесно ја поврзува американската национална гарда со украинската армија, нејзината воздушна одбрана и која доведе до размена меѓу двете армии, а со тоа и до силна модернизација на украинските сили.

Се обидовме да ја укинеме централизираната командна структура на поранешниот Советски Сојуз. Повеќе слобода за офицерите од понизок ранг, кои тешко можеа да донесуваат одлуки пред падот на челичната завеса – објаснува Дучиќ.

Целта на втората програма на соработката „ЈМТГ“ била да се воспостави поголема способност за опстанок во борбата против сепаратистите на исток, нешто што сега, како што тврди весникот, дало ефекти против големиот напад на руската армија.

Мали, независни единици, со снајпери и противтенковски ракети се токму работите кои им нанесуваат големи загуби на Русите долж линијата за снабдување. Помогнавме да се воспостави нова култура меѓу украинските војници, кои претходно не мрдаа со рацете без наредба. Малите единици имаат смртоносен ефект, дури и против супериорните противници, доколку се користат правилн – објаснува Дучиќ.

Генералот Дучиќ посочува дека едно нешто станало јасно по еден емсец војна, а тоа е дека Русија не ги постигнала своите цели, дека новата украинска армија и противвоздушна одбрана се отпорни и смртоносни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.