Пристигнаа првите реакции на Европската унија по најавата на „Гаспром“ дека и покрај најавите утре нема да пушти гас во Европа.
Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, на Твитер објави дека одлуката на „Гаспром“ е донесена „под лажни изговори“.
„Овој потег потврдува дека „Гаспром“ е несигурен снабдувач“, напиша Мамер, додавајќи дека континуираните намалувања на снабдувањето се „доказ за рускиот цинизам“.
„Русија попрво ќе согорува гас отколку да ги почитува договорите“, напиша портпаролот на ЕК, осврнувајќи се на минатонеделната анализа која откри дека Русија палела големи количини гас во еден од своите капацитети наместо да го користи за договорени испораки.
Според Би-би-си, кој се повикува на анализа на компанијата Рајстад енерџи, на руската граница со Финска секој ден се согорува гас во вредност од 8,4 милиони фунти.
Научниците се загрижени поради количествата јаглерод диоксид и чадот кој го создава новата постројка за течен природен гас (ЛНГ) во Портоваја, северозападно од Санкт Петербург.
Граѓани на Финска претходно ова лето на хоризонтот виделе голем пламен, а научниците известиле за значителното зголемување на топлина кое доаѓа од објектот. Иако палењето, односно согорувањето на гасот е нормален процес, размерите на согорување гас во објектот биле без преседан, тврдат експертите.
„Никогаш не сум видела некој објект за ЛНГ толку да гори. Во јуни забележавме големо ниво на согорување. И не престанува. Останува ненормално високо“, вели Џесика Мекарти, експертка за анализа на сателитски податоци на Универзитетот Мајами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.