Европа се соочува со потенцијална криза кон средината на месецов, кога државите од Европската Унија ќе треба да ги отрфлат барањата на Москва, плаќањето за гориво да се врши во рубљи, иако немаат алтернативни решенија во врска со гасот, предупреди Брисел, јави Гардијан.
Во текстот се цитира еврокомесарката за енергетика, Кадри Симсон, која изјави дека барањата на Кремљ треба да бидат отфрлени и покрај ризиците од прекини во снабдувањето, во време кога недостигот, не може да се надомести.
Минатата недела, „Газпром“ ги прекина испораките на гас за Полска и за Бугарија. Следуваше предупредување дека истата судбина може да ја имаат и други земји, доколку тргнат по патот на Варшава и Софија.
Во средината на мај, многу европски енергетски компании треба да ја извршат следната исплата на „Газпром“, па се обидуваат да го најдат најдоброто решение за тоа што да сторат, затоа треба да им се објасни, дека плаќањето во рубљи преку механизам за конверзија, управуван од руските власти и втора специјална сметка во „Газпромбанк“, значи прекршување на санкциите и не можат да се прифатат, истакна Симсон.
Минатата година, во Европската Унија од Русија имало околу 45 отсто од увозот на гас во ЕУ и речиси 40 од вкупната потрошувачка на гас, потсетува Гардијан.
Следното плаќање за гас од европските енергетски компании е на 20 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.