Советот на Европската Унија соопшти дека на почетокот на инвазијата на Украина, Русија извршила сајбер напад врз сателитската мрежа, со што била запрена работата на илјадници модеми.
Нападот на мрежата КА-САТ на Виасат на крајот на февруари се случил токму во моментот кога руските сили започнале напад врз Украина.

„Овој сајбер напад предизвика недискриминирачки прекини во комуникацијата и погоди неколку јавни субјекти, компании и корисници во Украина, како и голем број земји-членки на ЕУ“, се вели во соопштението на Советот на Европската унија.

„Ова е недозволив напад, што е уште еден пример за континуираниот модел на неодговорно однесување на Русија во сајбер просторот, и кој е составен дел од нејзината незаконска и неоправдана инвазија на Украина“, се додава.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, исто така, ја критикуваше Русија за инцидентот, велејќи дека тоа е шокантен напад.

„Ова е јасен доказ за рускиот злонамерен напад врз Украина, кој имаше значителни последици за обичните луѓе и компании во Украина и низ Европа“, рече Трас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.