Европската Комисија предложи да се испорача нова транша макрофинансиска помош за Украина во износ од пет милијарди евра, јави дописничката на МИА од Брисел.
Предвидени се вкупно девет милијарди евра макрофинансиска поддршка за земјата од страна на ЕУ. Испратени се една милијарда евра во август, a наскоро треба да пристигнат уште три милијарди од првата транша. Со втората транша Киев ќе ја добие целосната ветена макрофинансиска помош од ЕУ.
Украина исто така добива и друг вид финансиска помош од ЕУ, вклучително итен заем од 1,2 милијарди евра. Се очекува вкупната помош од ЕУ од почетокот на војната да достигне 10 милијарди евра. Киев добива и хуманитарна и вооружена помош од ЕУ.
Предлогот на Комисијата треба да го одобрат Европскиот Парламент и Советот на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.