Флота од 12 противпожарни авиони и еден хеликоптер од денеска е во функција и е подготвена за интервенции ширум Европската унија, соопшти денеска Европската комисија.
Флотата е подготвена да се распореди летово, кога е потребен заеднички европски одговор, за да се спасат животи, средства за живот и животна средина, соопшти комисијата.
Дванаесет авиони и еден хеликоптер се наоѓаат во Хрватска, Франција, Грција, Италија, Шпанија и Шведска. Секоја од шесте земји обезбедува по два противпожарни авиони, а Грција обезбедува дополнителен хеликоптер.
Противпожарната флота е дел од Механизмот за цивилна заштита, односно системот rescEU, европската резерва на дополнителни капацитети.
Минатата година бевме сведоци на втората најлоша сезона на пожари во ЕУ, што беше болен потсетник за разорниот ефект на шумските пожари врз животите на Европејците. Од денеска во функција е флотата од 13 летала за да се обезбеди дополнителна заштита, изјави комесарот за кризни состојби Јанез Ленарачич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.