Причините за намалувањето на испораките на гас од Русија се политички, а не технички, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Се уште не е готово, рече Хабек, додавајќи дека се уште постои можност за ограничување на испораките на енергенти од Русија, пренесуваат британските медиуми.

„Газпром“ вчера соопшти дека го намалил снабдувањето на Германија со подморскиот гасовод „Северен тек I“ на максимални 100 милиони кубни метри дневно, што е намалување од 167 милиони кубни метри, наведувајќи ги како причина доцнењето во враќањето на опремата испратена на поправка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.