Европска Унија денеска достави одговор на прашањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за европската безбедност.
Претходно, Лавров изјави дека ако Брисел не даде заеднички одговор на неговата порака, тоа ќе води до прекин на преговорите.
Постојаниот претставник на Руската Федерација во ЕУ, Владимир Чижов го прими одговорот од ЕУ на пораката на Лавров на тема „неделивост на безбедноста“. Руската мисија наведе дека ЕУ нема да ја објави содржината на одговорот.
ЕУ вчера ја повика Русија на разговори за зајакнување на безбедноста во Европа во рамките на ОБСЕ и апелираше за смирување на ситуацијата со Украина, во писмо упатено до Лавров.
Повикот е одговор во наше колективно име на критиките што Лавров ги упати кон некои од неговите европски колеги кога побара од нив да дадат свое толкување на концептот неделивост на безбедноста, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
За Москва, тој концепт значи дека безбедноста на секоја земја е поврзана со безбедноста на другите и затоа проширувањето на НАТО во Украина и во Грузија ја загрозува безбедноста на Русија. Во писмото од Европејците не се споменува тоа барање.
Рускиот министер побара одговорот да се даде на национално ниво, а не во име на блокот. Европските претставници постојано се жалеа дека Русија одбива да соработува со ЕУ и се обидува да ги подели нејзините членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.