Резултатите од претседателските избори во Венецуела, на кои официјално победи претседателот Николас Мадуро, „не можат да бидат признати“, соопшти Советот на ЕУ.
„И покрај тоа што се обврза да го стори тоа, Националниот изборен совет на Венецуела (CNE) се уште не ги објави официјалните протоколи од избирачките места. Поради недостаток на докази за нивно поткрепување, резултатите објавени на 2 август од CNE не можат да бидат признати“ се вели во соопштението.
За разлика од САД и неколку други земји, ЕУ не ја призна победата на опозицискЕУиот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.