Портпаролката на Европската Унија, Набила Масрали, порача дека ЕУ собрала „докази“ кои покажуваат дека Иран испорачувал дронови што Русија ги користи против Украина.
Масрали, која е портпаролка на европскиот шеф за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, најави дека Унијата подготвува санкции против Техеран.
Сега кога собравме доволно докази, работиме на јасен европски одговор, брз и цврст – порача Масрали.
Дипломатски извор, информира дека списокот со санкции е доставен до земјите-членки на Унијата и се очекува одлука за нив во текот на неделата.
Иран негира дека и испорачал беспилотни летала на Русија, а Кремљ соопшти дека нема информации дали се користени ирански беспилотни летала камикази. На 18 октомври, британското разузнавање ги идентификуваше беспилотните летала што ги користи Русија како ирански, а американскиот Стејт департмент процени дека ирански беспилотни летала биле користени во нападот на Киев на 17 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.