Министрите за надворешни работи на Европската Унија се согласија за дополнителни 500 милиони евра воена помош за Украина, информираше денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Европа продолжува да испорачува за мир и одбрана на нашите вредности, напиша тој на Твитер, соопштувајќи ја одлуката.

Со оваа одлука, донесена на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, вкупната сума за воена помош испратена во Украина изнесува 2,5 милијарди евра, по руската инвазија врз земјата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.