Европскиот комесар за енергетика, Кадри Симсон, ја информираше Украина дека ЕУ не е заинтересирана за продолжување на договорот за транзит на руски гас во Европа, кој истекува на крајот на 2024 година.
Научивме да живееме без руски гас, нема да има враќање назад. ЕУ, како што му кажав на украинскиот министер за енергетика, не е заинтересирана за продолжување на договорот, кој истекува оваа година“, изјави Симсон, обраќајќи им се на членовите на Европскиот парламент.
Симсон посочи дека анализата на ЕУ покажала дека земјите опслужени од транзитната рута на гас, вклучувајќи ги Австрија, Италија и Словачка, ќе можат да најдат алтернативни извори на снабдување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.