Советот на ЕУ денеска соопшти дека усвоил препорака за изменување на правилата за ограничувања на патувањата поврзани со пандемијата на Ковид.
Советот препорачува од 1 февруари ограничувањата да се засноваат на патникот, а не на местото од кое пристигнува. Предвидено е секој со валиден сертификат да може да ја премине границата без дополнителни услови.
Се препорачува важноста на потврдите за вакцинираните да биде 270 дена, за прележаните – 180 дена, а за тестираните – до 72 часа од земање мостри. Од патниците кои не се сертифицирани може да се бара да се тестираат непосредно пред патувањето или до 24 часа по пристигнувањето. Советот на ЕУ предлага општите правила да не важат за граничните работници, патниците со есенцијална цел и децата под 12-годишна возраст.
Предвидено е сите овие предлози да важат за патување од земји кои не спаѓаат во т.н. темноцрвена област каде што ширењето на болеста е силно. Денеска, по четврти пат, Советот на ЕУ издаде општи препораки за слобода на патување од почетокот на пандемијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.