Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков е еден од 26-те истакнати личности на кои Европската унија им воведе санкции поради руската инвазија врз Украина, се наведува во одлуката објавена во службениот весник на Унијата.
На списокот се наоѓаат олигарси и бизнисмени кои работат во нафтениот, банкарскиот и финансискиот сектор, но и членови на руската Влада, високи воени лица и „пропагандисти кои придонеле за ширење на антиукраинската пропаганда, се вели во соопштението на ЕУ.
Меѓу санкционираните се Игор Сечин, директор на руската државна нафтена компанија Роснефт, и извршниот директор на енергетскиот гигант Транснефт, Николај Токарев.
Олигарсите Алишер Усманов, Пјотр Авен, Александар Пономаренко и банкарот Михаил Фридман, исто така, се наоѓаат на списокот.
Санкции се воведени и против рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко, други членови на руската влада и истакнати новинари.
Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имот или забрана за пристап до имот.
На „црната листа“ се најде и осигурителната компанија СОГАЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.