Помош од ЕУ вредна една милијарда евра за запирање на протокот на мигранти денеска во Либан ќе ја објават претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и кипарскиот претседател Никос Христодулидис за време на нивната заедничка посета на оваа блискоисточна земја, јави ДПА, повикувајќи се на информации од извори.

Кипарската влада неодамна го привлече вниманието на меѓународната заедница на неможноста да се ограничи зголемениот број сириски мигранти кои го напуштаат Либан и ја повика ЕУ да преземе мерки.

„Врските меѓу Либан и Европа се длабоки. Претседателот Христодулидис и јас сме тука да констатираме дека ЕУ цврсто го поддржува Либан и неговиот народ. И сакаме да ја зајакнеме нашата долгогодишна соработка“, напиша Фон дер Лејен на социјалната платформа Х.

Парите од Европската унија ќе бидат искористени за подобрување на здравството, образованието и социјалната заштита во Либан, изјавија претставници на ЕУ за ДПА. Дел од средствата ќе бидат наменети за националните безбедносни сили, како и за борба против шверцот, за економски и финансиски реформи, прецизира агенцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.