Естонија е подготвена да ги екстрадира Украинците на воена возраст, а слични планови најавуваат и Данска ои Полска.

Ако на Украина и треба, Естонија ќе може да ги најде овие луѓе и да и ги предаде“, изјави естонскиот министер за внатрешни работи, Лаури Ланеметс, зборувајќи за 7.000 украински бегалци во земјата.

За истиот потег размислува и Полска, која веќе спроведува екстрадиција на сторителите на кривични дела.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, неодамна изјави дека Киев ќе ги повика на должност сите Украинци на возраст за служење војска, вклучително и оние кои живеат на Запад.

А колку Украинците се добредојдени на Запад покажува и фактот што данскиот министер за имиграција, Каре Дибвад, изјави дека по завршувањето на конфликтот, 30.000 граѓани на Украина ќе мора да се вратат во својата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.