Научници од НАСА оценуваат дека ерупцијата на вулканот во Тонга ослободила експлозивни сили кои далеку ја надминале силата на експлозијата на атомската бомба што Американците ја фрлија на Хирошима во 1945 година.
Во извештајот на НАСА се појаснува дека ерупцијата на вулканот во Тонга била неколку стотини пати појака од америиканската атомска бомба фрлена на јапонскиот град Хирошима во август 1945 година, за која се проценува дека имала околу 15 килотони, односно 15.000 тони ТНТ.
Според вработени во НАСА, вулканот Хунга Тонга – Хунга Ха’апаи за време на ерупцијата на 15 јануари исфрлал блескави остатоци и магма дури 40 километри во атмосферата.
Сметаме дека количината на енергија, која ја ослободила оваа ерупција, одговара на количина од околу пет до 30 мегатони – пет до 30 милиони тони – ТНТ – вели научникот на НАСА, Џим Гарвин.
Објавено е и дека ерупцијата едноставно „го избришала“ вулканскиот остров, кој се наоѓа на околу 65 километри северно од главниот град на Тонга, Нукуалофа.
Експлозијата во местото на кое живеат околу 100.000 лица беше покриено со слој отровен пепел, питката вода беше затруена, посевите беа уништени и во потполност избриша од земјата најмалку две села.
Во ерупцијата имаше три жртви во Тонга, а животот го изгубија и двајца туристи на плажа во Перу, откако цунами ја погоди таа јужноамериканска држава.
Научниците веруваат дека најверојатно се работи за една од најголемите ерупции во последните 30 години, како и за еден од најгласните настани на Земјата во повеќе од 100 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.