Шефот на ерменската дипломатија, Арарат Мирзојан, изјави дека Ереван размислува да аплицира за членство во Европска Унија.

Откако Никол Пашинјан во 2018 година ја презеде премиерската функција, продлабочени се врските на Ерменија со Европа и со САД, а тоа предизвика тензии со традиционалниот нејзин сојузник Русија.

Официјален Ереван постојано најавуваше дека сојузот со Москва не се протега на војната во Украина, додека Пашинјан ја обвини Русија дека сака да ја поткопа неговата Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.