Колку што е доверлив Западот, толку е и Русија. Во изминатите 50 години чекаме на прагот на ЕУ и во овој момент и верувам на Русија исто колку и на Западот, изјави Ердоган за американската телевизија ПБС во Њујорк, каде што учествува на седницата на Генералното собрание на ОН.

Ердоган потсети дека рускиот претседател Владимир Путин ветил дека Русија ќе испрати уште милион тони жито во Африка, а на прашањето дали верува дека Путин ќе го исполни тоа ветување, Ердоган одговори дека нема причина да не му верува.

Зборувајќи за војната во Украина, Ердоган рече дека таа ќе продолжи уште долго.

Одговарајќи на прашањето дали Турција има поголема корист од односите со САД или Русија, турскиот претседател рече дека начинот на кој се занимава со политиката се сведува на воспоставување контакти со државите ширум светот во модел на вин-вин.

-Како што имам добри односи со САД, ќе имам добри односи и со Русија. Ќе продолжам да имам односи со земјите-членки на ЕУ врз основа на истиот пристап меѓу двете страни, рече Ердоган.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.